Бинали Јилдирим: Владата со довите на народот ја гради светлата иднина на Турција

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека владата со довите (молитвите) на народот ја гради светлата иднина на Турција и дека работи и ќе продолжи да работи деноноќно и неуморно во правец на барањата на народот и за народот.

672262
Бинали Јилдирим: Владата со довите на народот ја гради светлата иднина на Турција

Премиерот и претседател на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партија) Бинали Јилдирим во говорот што го одржа на состанокот на својата пратеничка група во собранието истакна дека Турција чекори со сигурни чекори кон своите цели за 2023 година и дека поминуваме од период кога се фрлаат најзначајните чекори во овој честит марш.

Јилдирим напомена дека се држи пулсот на сите градови, помали населени места, па дури и на селата во цела Турција, дека се слушаат сите 79 милиони граѓани и дека исто така не се изоставуваат и турските граѓани кои живеат во странство.

Бинали Јилдирим рече дека владата со довите (молитвите) на народот ја гради светлата иднина на Турција и дека работи и ќе продолжи да работи деноноќно и неуморно во правец на барањата на народот и за народот. 

Премиерот Јилдирим привлече внимание дека додека со оваа визија Турција напредува кон целта да достигне до нивото на современите цивилизации сегашниот Устав веќе е недоволен во исполнување на очекувањата на народот.

Јилдирим рече: „Секогаш велевме и повторно велиме; Овој Устав е од 1982 година, веќе е застарен и заостанува. Оние кои велат ’не’ велат ако туркаме ќе проработи. Нема да проработи не преморувајте го народот попусто. Граѓаните на 16 април ќе излезат да гласаат, ќе го сменат овој Устав производ на военудар, ќе го удрат печатот ’Да’ и ќе ја завршат работат.“

Премиерот Бинали јилдирим својот говор го продолжи со следните зборови: „Ние велиме ’Да’ за да се каже Стоп за секој вид туторство, За да не се прифати било каква друга сила над силата на народот. За собрание со поширока застапеност, За независно и самостојно судство, За влез на младите во политиката, За ефикасна извршна власт и за ефикасна демократија, За посилен глас на младите, За прегрнување, а не за поларизација, За работа во компромис, а не за конфликт. Има толку многу причини за да се каже ’Да’. Јас само наброив неколку. Секако дека во ’Да’ има берикет.“



Слични вести