Предуслов за мир на Блискиот исток е да престане окупацијата на Палестина

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган одржа заедничка конференција за печатот со премиерот на Бахраин Халифе бин Салман ал Халифе и принцот престолонаследник Салман бин Хамад ал Халифе кои што се одржаа зад затворени врати.

671409
Предуслов за мир на Блискиот исток е да престане окупацијата на Палестина

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган кој престојува во официјална посета на Бахреин на конференцијата за печатот реализирана по средбите со премиерот Халифе бин Салман ал Халифе и принцот престолонаследник Салман бин Хамад ал Халифе кои што се одржаа зад затворени врати рече:

Нашата судбина и нашата мака се исти,како што е заедничко и нашето минато но и нашата иднина. Нема никаква гаранција дека она што им се случува денес на нашите браќа нема да ни се случува и на нас во иднина.

Муслиманите кои за жал осетно се оддалечија едни од други на база на еничката припадност, јазикот, племенската поделеност и секташката припадност се уништуваат меѓу себе како во Ирак,така и во Сирија, Либан, Јемен и и во уште неколку земји. Сведоци сме на тоа како прекрасните муслимански културски центри се уништуваат. Во една ваква ситуација кога човештвото молчи, некои задоволно си ги тријат арацете а некои леат крокодилски солзи. Време е да се обединат сите Муслимани заради подобра иднина од причина што ниту една земја, ниту една заедница не би требало да го има конфорот да не реагира пред маките и зулумите на кои што се подложени неговите најблиски и неговите браќа.

Моментално Турција има една цел, свртување кон Исток кон Мунбич и кон Рака и во заедничко дејствување со силите на коалицијата да воспоставиме безбедна зона, исчистена од терористичките елементи на ДЕАШ. Ако го постинеме тоа нашите браќа Арапи и Туркмени ќе можат да се населат таму.

Моментално во дел од светот Исламот се постоветува со тероризмот. Јас одовде им порачувам,никој да не ги донесе Исламот и радикализот еден до друг, бидејќи Исламот како вера не го прифаќа радикализмот.

Ердоган продолжи : Во Ерусалим каде се наоѓа нашата Кибла,секој би требало да реагира на одредби кои ќе го пореметат мирот на целокупната светска заедница не само на муслиманите.Овие одредби само уште повеќе ќе ја затегнат атмосферата во овој дел. И покрај резолуцијата бр. 2334 на Советот за безбедност на ОН продолжува нелегалната изградба на диви населби во Источен Ерусалим и Западниот Брег што претставува вистинска провокација од страна на израелските власти.

Предуслов за мир на Блискиот исток е да престане окупацијата на Палестина како и да престане изградбата на нелегални населени места.

 



Слични вести