Сирискиот град Ал Баб е под целосна опсада

Исто така е воспоставена и контрола над стратешките ридови поколу Ал Баб

669285
Сирискиот град Ал Баб е под целосна опсада

Премиерот Бинали Јилдирим рече дека сирискиот град Ал Баб е под целосна опсада.

На едно прашање на новинарите во Анкара во врска со случувањата во Сирија премиерот Јилдирим рече:

Ал Баб е под опсада од сите страни, предградието е под контрола. Исто така е воспоставена и контрола над стратешките ридови поколу Ал Баб, додека силите на Асад се приближуваат од југ.

За да не се доживеат несакани судири до силите на Асад, координирано соработуваме со коалиционите сили и Русија, рече премиерот Јилдирим и потенцираше дека се преземаат потребните мерки и санкции на тоа поле.

Портпаролот на кабнетот на претсдетаелот Ибрахим Калин рече дека турските војници во рамките на операцијата против терористичката организација ДЕАШ во Сирија влегоа во Ал Баб.

Во интервјуто за еден приватен ТВ-канал Калин потенцираше дека Турција води преговори со Русија за да не дојде до евентуални судири со силите на Асад.



Слични вести