Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во посета на Украина

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Киев својата прва средба ја оствари со украинскиот претседател Петро Порошенко

669469
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во посета на Украина

Во главниот град на Украина Киев се одржува петтиот состанок за Заедничко стратешко планирање, инаку помошен орган на Турско-украинскиот Стратешки совет на високо ниво.

По повод овој состанок во Кеив престојува министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој во овие рамки својата прва средба ја оствари со украинскиот претседател Петро Порошенко.

На средбата што се одржа зад затворени врати стана збор за односите помеѓу двете земји и за регионални прашања.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу потоа ги прими водачите на кримските Татари и претставниците на Турците Ахиска и Ѓокогуз. 

Чавушоглу се состана со лидерот на кримскиот татарски народ и украински пратеник Мустафа Абдулџемил Киримоглу, претседателот на кримското татарско национално собрание Рефат Чубаров, претставникот за Украина на Светската асоцијација на Турците Ахиска Марат Расулов, претседателот на Друштвото на унијата на Гагаузите во Украина Василиј Келоглу и потпретседателот на регионалното собрание на Oдеса Јуриј Димчоглу.

Мевлут Чавушоглу ќе учествува на состанокот за Заедничко стратешко планирање што ќе се одржи во копретседателство со украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин.

На состанокот ќе бидат разгледани со сите поединости билатералните односи со Украина на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу двете земји и ќе се истражуваат можностите за нова соработка.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин потоа ќе ја отворат изложбата под наслов „Што се случи во Турција на 15 јули?“ составена од фотографии сликани од страна на дописниицте на новинската агенција Анадолија за време на обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО.



Слични вести