Министерот Омер Челик ја повика ЕУ во 2017 година отвори нова страница во односите со Турција

Челик упати повик до ЕУ во 2017 г. да отвори нова страница и да ги исполни своите одговорност, во најскоро време да закаже самит меѓу ЕУ и Турција и да ги фрли чекорите кои што ќе обезбедат конкретен напредок во Царинската унија и визната либерализација

669610
Министерот Омер Челик ја повика ЕУ во 2017 година отвори нова страница во односите со Турција

Министерот за ЕУ и главен преговарач Омер Челик престојува во дводневна официјална посета на главниот град на Франција Париз каде што се состана со францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Ајро, министерот за ЕУ Харлем Десир и со претседателот на францускиот Сенат Жерар Лаше.

Потоа министерот Омер Челик говореше во францускиот институт за меѓународни односи и овде нагласи дека со членството на Турција ќе се променат рамнотежите во ЕУ во позитивна смисла.

Челик упати повик до ЕУ во 2017 година да отвори нова страница и да ги исполни своите одговорност, во најскоро време да закаже самит меѓу ЕУ и Турција и да ги фрли чекорите кои што ќе обезбедат конкретен напредок во Царинската унија и визната либерализација за турските граѓани.

Омер Челик привлече внимание кон тоа дека голем број вонредни случувања како што се усмерувањето на САД кон протекционизам, глобализацијата на Кина и одделувањето на Велика Британија од ЕУ ги променија меѓународните рамнотежи, а исто така нагласи дека погрешно е и тоа што Европа која остана под сенката на растечките расистички изговори презентира став против Турција.

Укажувајќи на тоа дека во Европа не треба да се стравува од големината на Турција, Челик напомена дека големината на Турција ќе обезбеди позитивен придонес кон рамнотежите во Европа во правец на зголемување на просперитетот и решавањето на речиси сите присутни проблеми.

Министерот за ЕУ Омер Челик истакна дека во Европа веќе постои потреба од развивање на нови економски модели и политички изговори, а воедно додаде дека и турско-руските односи не можат да се оценат како поместување на оската.

Челик подвлече дека го ценат тоа што веднаш по обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО на 15 јули рускиот претседател Владимит Путин ја побара Турција пред сите европски лидери и го осуди обидот за воен удар.

Освен тоа министерот Омер Челик нагласи дека блиската соработка помеѓу Турција и Русија во однос на економски и политички прашања на чело со природниот гас е во корист и на Европа.



Слични вести