Куртулмуш: Првите информации укажуваат на грешка, меѓутоа Турција го истражува случајот

Нуман Куртулмуш напомена дека Турција го истражува целосното обелоденување на случајот со бомбардирање по грешка од страна на руски воен авион на зграда кај Ел Баб во Сирија во кој загинаа тројца турски војници, а 11 војници беа ранети од кои еден потешко

669925
Куртулмуш: Првите информации укажуваат на грешка, меѓутоа Турција го истражува случајот

Потпретседателот на владата Нуман Куртулмуш за време на својата посета на губернијата на Афјонкарахисар истакна дека бомбардирањето по грешка на турските војници од страна на руски воен авион во областа на Ел Баб во Сирија претставува несреќа.

Куртулмуш напомена дека Турција го истражува целосното обелоденување на случајот и додаде дека првите информации укажуваат на тоа дека причина за случајот е грешката во координацијата. 

„За жал претставува настан до кој што е дојдено несакајќи. Според првите информации целосно претставува несреќа, меѓутоа ќе биде обелоденето како дошло до овој настан и како толку е одминато прашањето во врска со координацијата. Се подразбира дека во тамошната борба постои потреба од многу поблиска координација.“

Во објавеното соопштение од Генералштабот беше истакнато дека со бомба исфрлена од страна на руски воен авион која по грешка погодила зграда во областа на операцијата Еуфратски штит и дека притоа загинаа тројца турски војници, а 11 војници се ранети од кои еден потешко.



Слични вести