Генералштабот: Во бомбардирањето на руски воен авион во Ел Баб загинаа тројца турски војници

Во објавеното соопштение од Генералштабот се вели дека во бомбардирањето на руски воени авиони во Ел Баб по грешка, загинаа тројца турски војници, а 11 војници беа ранети од кои еден потешко

669306
Генералштабот: Во бомбардирањето на руски воен авион во Ел Баб загинаа тројца турски војници

Турските вооружени сили (ТВС) истакнаа дека во бомбардирањето на руски воени авиони во Ел Баб по грешка, загинаа тројца турски војници, а 11 војници беа ранети од кои еден потешко.

Во објавеното соопштение од Генералштабот се вели дека во областа на операцијата Еуфратски штит вчера наутро околу 08:40 часот за време на воздишна операција врз цели на терористичката организација ДАЕШ од страна на воен авион на Руската Федерација со бомба која што погодила по грешка зграда во која се наоѓале турски војници загинаа тројца војници, а 11 војници од кои еден потешко беа ранети.

Во соопштението се истакнува дека ранетите турски војници веднаш биле пренесени во болница и се додава следното: „Функционери на Руската Федерација истакнаа дека случајот за кој станува збор претставува несреќа и го изразија своето жалење и сочувство. Испитувањето во врска со случајот се води од страна на надлежни на двете земји. Освен тоа во врска со истиот случај претседателот на Руската Федерација Владимир Путин го изрази своето жалење и сочувство до претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.“



Слични вести