Министерот за одбрана Фикри Ишик во Ријад се состана со својот саудиски колега

Министерот за одбрана Фикри Ишик кој престојува во посета на Ријад се состана со својот саудиски колега, министерот за одбрана принцот престолонаследник Мухамед Бин Салман Бин Абдулазиз Ал Сауд

668415
Министерот за одбрана Фикри Ишик во Ријад се состана со својот саудиски колега

Министерот за одбрана Фикри Ишик на покана на саудискиот министер за одбрана принцот престолонаследник Мухамед Бин Салман Бин Абдулазиз Ал Сауд престојува во посета на Ријад.

Министерот Ишик во рамките на своите средби и разговори во Ријад ја посети турската фирма за одбранбена индустрија која делува во Саудиска Арабија.

Фикри Ишик ја прошета фирмата, а потоа се состана со саудискиот министер за одбрана принцот престолонаследник Мухамед Бин Салман Бин Абдулазиз Ал Сауд.

На средбата која се одржа зад затворени врати стана збор за односите помеѓу двете земји како и прашања посветени на соработката против тероризмот, а воедно двајцата министри за одбрана се осврнаа и на значењето на претстојната посета на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на Саудиска Арабија што ќе ја оствари идната надела.



Слични вести