Министерот за ЕУ и главен преговарач Омер Челик во посета на Франција

Министерот за ЕУ Омер Челик во рамките на својата дводневна посета на Париз ќе оствари официјални разговори и ќе се состане со претставници на граѓански организации

669056
Министерот за ЕУ и главен преговарач Омер Челик во посета на Франција

Министерот за ЕУ и главен преговарач Омер Челик отпатува во посета на Франција.

Министерот Челик во рамките на својата дводневна посета на Париз ќе оствари официјални разговори и ќе се состане со претставници на граѓански организации.

Министерот за ЕУ Омер Челик својата првата средба ја оствари со францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Ајро, а потоа се сретна на деловен ручек со францускиот министер за ЕУ Харлем Десир.

Челик ќе се состане и со претседателот на францускиот Сенат Жерар Лаше, а на дневниот ред на сиве овие средби и разговори освен турско-француските односи и преговарачкиот процес со ЕУ ќе се најдат и наслови како што се соработката во борбата против тероризмот и мигрантската криза.

Во вечерните часови министерот за ЕУ Омер Челик се очекува да говори на една конференција, по што утре ќе одржи конференција за претставниците на печатот на која ќе направи проценка на своите средби и разговори во Париз.



Слични вести