Претседателот на претседателскиот совет на Либија Фајез Мустафа Ал-Сарај во посета на Турција

Претседателот на претседателскиот совет на Либија Фајез Мустафа Ал-Сарај денеска ќе допатува во официјална посета на Анкара каде што во рамките на остварените средби и разговори ќе биде направена детална проценка на односите помеѓу Турција и Либија

667869
Претседателот на претседателскиот совет на Либија Фајез Мустафа Ал-Сарај во посета на Турција

На покана на премиерот Бинали Јилдирим денеска во официјална посета на Турција ќе допатува претседателот на претседателскиот совет на Либија Фајез Мустафа Ел-Сарај.

Претседателот на претседателскиот совет на Либија Фајез Мустафа Ел-Сарај ќе оствари низа средби и разговори во Анкара во чии рамки во контекст на блиските братски и пријателски односи помеѓу Турција и Либија ќе биде направена детална проценка на односите помеѓу двете земји.

На средбите и разговори се предвидува да се стои особено на политичкиот процес во Либија и притоа да бидат поставени на дневен ред и низа актуелни регионални прашања вклучувајќи ја и борбата против тероризмот.



Слични вести