Прва посета на министерско ниво од Турција на Израел по изминати 7 години

Министерот за култура и туризам Наби Авџи отпатува за Тел Авив со што по изминати 7 години се реализира првата посета од Турција на Израел на ниво на министер

666328
Прва посета на министерско ниво од Турција на Израел по изминати 7 години

Уште еден значаен чекор на патот кон нормализирање на односите помеѓу Турција и Израел...

По изминати 7 години денеска се реализира првата посета од Турција на Израел на ниво на министер.

Министерот за култура и туризам Наби Авџи отпатува за Тел Авив каде што ќе учествува на Средоземноморскиот саем за туризам.

Министерот Авџи своите средби и разговори во Тел Авив ќе ги започне утре (вторник) во чии рамки најпрвин ќе се состане со својот израелски колега Јарив Левин.

Потоа следна станица на министерот за култура и туризам Наби Авџи во Тел Авив ќе биде Средоземноморскиот саем за туризам.

Следниот ден во среда пак министерот Наби Авџи од Тел Авив ќе замине за градот Рамалах на Западниот брег каде што ќе го посети гробот на првиот палестински претседател Јасер Арафат.

Авџи во оваа прилика ќе се состане и со палестинскиот министер за култура Ихаб Бесису по што од Рамалах ќе отпатува за Ерусалим каде што ќе ја посети Месџид-и Акса и ќе учествува на отворањето на фотографската изложба „Стар Ерусалим“. 

Посетата на министерот за култура и туризам Наби Авџи е од големо значење во процесот на нормализирање на односите помеѓу Турција и Израел.

Израелските војници на 31 мај 2010 година го нападнаа хуманитарниот брод Мави Мармара кој носеше помош за Газа и притоа во нападот беа убиени 10 турски граѓани. Овој случај доведе до прекин во односите помеѓу Турција и Израел .

Потоа откако Израел се извини за нападот, се согласи да плати обештетување за жртвите во нападот и дозволи повторно да почне да се доставува хуманитарна помош на Газа односите помеѓу двете земји влегоа во процес на нормализирање.

Како последно во декември беа назначени амбасадори помеѓу двете земји.

 



Слични вести