Куртулмуш: Турција очекува од своите сојузници поддршка и во нејзината борба против ПКК

Вицепремиерот и владин портпарол Нуман Куртулмуш истакна дека Турција очекува од своите сојузници поддршка и во нејзината борба против сепаратистичко-терористичката организација ПКК

666568
Куртулмуш: Турција очекува од своите сојузници поддршка и во нејзината борба против ПКК

Вицепремиерот и владин портпарол Нуман Куртулмуш по владината седница направи проценка на активностите кои што се водат во рамките на борбата против тероризмот.

Куртулмуш истакна дека Турција очекува од своите сојузници поддршка и во нејзината борба против сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Велејќи „Она што го очекуваме ние од нашите пријатели и од нашите сојузници не е споделувањето на некои податоци, наоди или разузнавачки информации само против ДАЕШ“, вицепремиерот и владин портпарол Нуман Курутлмуш рече: „(Нашето очекување) е на ист начин Турција да биде информирана по прашањето на раздвиженоста и на елементите на ПКК/ПЈД. Тоа го налага пријателството, сојузништвото. Во последно време постојат позитивни случувања во споделувањето на податоци и разузнавачки информации. Меѓутоа би сакал да го изнесам нашето очекување и во споделувањето на разузнавачки информации, со кои што ќе бидат споделени сите податоци во целост.“



Слични вести