Врховниот суд на САД ја потврди одлуката за суспендирање на указот на Трамп за визна забрана

Врховниот суд на САД ја потврди одлуката за суспендирање на указот на претседателот Доналд Трамп за забрана за издавање визи и влез во земјата на државјани од седум муслимански земји

665586
Врховниот суд на САД ја потврди одлуката за суспендирање на указот на Трамп за визна забрана

Американскиот секретаријат за правда ја обжали одлуката на федералниот судија во градот Сиетл во сојузната држава Вашингтон Џејмс Робарт со која беше суспендирана забраната на претседателот Доналд Трамп за издавање визи и влез во земјата на државјани од седум муслимански земји.

Секретаријатот за правда за поништување на одлуката на судијата  се обрати до деветиот оддел на Врховниот суд кој пак го одби барањето на секретаријатот за правда веднаш да биде ставен во примена претседателскиот указ за забрана за влез во САД на државјани од седум муслимански земји.

Врховниот суд на управата на Трамп и судот во Сиетл во сојузната држава Вашингтон кој што покрена тужба за поништување на извршната одлука  им даде рок до понеделник (утре) да ги комплетираат недостатоците во своите предмети. 

Со привремената одлука на судот ќе продолжи суспендирањето на указот за визна забрана. 

Инаку, одлуката на федералниот судија од Сиетл Џејмс Робарт за привремено суспендирање на указот за визна забрана беше дочекана со реакција од страна на новата американска управа.

Американскиот претседател Доналд Трамп во пораката што ја објави на својата сметка преку социјалната мрежа Твитер, судијата го окарактеризира како „таканаречен судија“, а неговата одлука како „смешна“ и „упропастувачка“ и истакна дека повторно ќе ја воведе забраната за влез во САД на државјани од седум муслимански земји.

Белата куќа исто така објави соопштение со кое ја критикуваше одлуката на федералниот судија.

 



Слични вести