„Урбаната трансформација претставува една од значајните активности на владата на АК Партијата“

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека урбаната трансформација претставува една од значајните активности на владата на АК Партијата

665697
„Урбаната трансформација претставува една од значајните активности на владата на АК Партијата“

Премиерот Бинали Јилдирим во говорот што го одржа на церемонијата на поставување на каменот темелник на проектот за Урбана трансформација Фикиртепе во Истанбул истакна дека урбаната трансформација претставува една од значајните активности на владата на АК Партијата.

Јилдирим напомена дека едниот од најзначајните прашања на Турција во 2002 година беше потребата од куќи и станови и дека за кусо време почнаа да се ставаат во примена проекти за изградба на станови не само во одредени градови туку во сите делови на Турција. 

„Со овие џиновски проекти ја градиме и нашата иднина, а не само нашата денешнина.“ - рече Јилдирим.

Осврнувајќи се и на прашањето на уставните измени, премиерот Бинали Јилдирим привлече внимание дека зборот по ова прашање му припаѓа на народот и рече: „Републиката ја прогласивме во 1923 година и новиот Устав го поставуваме пред народот кој Републиката ќе ја носи уште понапред.“

Јилдирим појасни зошто на референдумот треба да се каже „Да“ и рече: „Зошто велиме ’Да’? ПКК вели ’Не’ затоа велиме ’Да’. ФЕТО (Фетулахистичката терористичка организација вели ’Не’, затоа велиме ’Да’. ХДП (Демократската партија на народите) вели ’Не’ затоа велиме ’Да’. Погледнете кон оние кои велат ’Не’, на тој начин одлучете се што ќе кажете. Овој народ ќе им одржи лекција на референдумот во април на оние кои се изјаснуваат за сепаратизмот и за ФЕТО. Ќе го удри печатот на ’Да’ и ќе побара сметка и од сепаратистите и од ФЕТО и од туторите.“

 



Слични вести