Етиопскиот претседател Вирту од 6 до 10 февруари во посета на Турција

На средбите ќе стане збор за билатералните односи и за актуелни регионални и меѓународни прашања

665389
Етиопскиот претседател Вирту од 6 до 10 февруари во посета на Турција

Претседателот на Етиопија Мулату Тешоме Вирту на покана на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган од 6 до 10 февруари ќе престојува во официјална посета на Турција.

Според објавеното соопштение од прес-центарот на кабинетот на претседателот, етиопскиот претседател Вирту на 7 февруари ќе оствари средба лице в лице со претседателот Ердоган и ќе присуствуваат на разговорите меѓу делегациите на двете земји.

На средбите ќе стане збор за билатералните односи и за актуелни регионални и меѓународни прашања.

За време на посетата се предвидува да бидат потпишани и низа договори помеѓу двете земји.

Етиопскиот претседател Мулату Тешоме Вирту освен официјалните разговори и средби ќе учествува и на церемонијата на поставување на каменот темелник за изградба на новиот кампус на амбасадата на неговата земја во Анкара.



Слични вести