Реакција од МНР на Турција против недоличните изјави на грчкиот министер Каменос

Турското министерство за надворешни работи реагираше со соопштение против недоличните изјави на грчкиот министер за одбрана Панос Каменос во врска со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган

665276
Реакција од МНР на Турција против недоличните изјави на грчкиот министер Каменос

Министерството за надворешни работи на Турција покажа реакција против недоличните изјави на грчкиот министер за одбрана Панос Каменос во врска со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Во објавеното писмено соопштение од страна на турското министерство за надворешни работи се истакнува дека јазикот, начинот на изразување и недоличните изјави кои што немаат никаква врска со вистините, а кои ги употреби грчкиот министер за одбрана Панос Каменос во даденото интервју на 1 февруари за една грчка телевизија се дочекани со жалење. 

Во соопштението се вели дека неоснованите, недолични и неетички изјави кои што грчкиот министер Каменос ги употреби во врска со Турција и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се осудуваат и му се враќаат нему.

„Претставува несреќна околност коа што во еден ваков тежок процес низ кој што поминува целиот свет и нашиот регион оваа личност го носи називот грчки министер за одбрана, кој не е доволно упатен во однос на основните билатерални документи по прашањето на илегалната имиграција и кој постапува неземајќи ги во предвид најосновните правила на учтивост на меѓународен план. Уште еднаш ги покануваме грчките органи да се однесуваат согласно нивната одговорност како државни функционери и да се воздржуваат од давање изјави кои што ќе и наштетат на средината на соработка која што се обидуваме да ја развиеме помеѓу двете земји.“ - се истакнува во соопштението на турското министерство за надворешни работи.



Слични вести