Почина уште еден војник кој беше ранет во терористичкиот напад во Кајсери

Војникот Месут Јашар кој се наоѓаше на лекување во болницата на медицинскиот факултет на Универзитетот Ерџијес и покрај сите напори на лекарите им подлегна на раните и ја загуби 49 дневната борба за живот

665379
Почина уште еден војник кој беше ранет во терористичкиот напад во Кајсери

Почина војникот Месут Јашар кој беше ранет во реализираниот терористички напад на 17 декември од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во градот Кајсери врз автобус во кој се наоѓаа војници.

Војникот Месут Јашар кој се наоѓаше на лекување во болницата на медицинскиот факултет на Универзитетот Ерџијес и покрај сите напори на лекарите им подлегна на раните и ја загуби 49 дневната борба за живот.

25-годишниот војник по одржаната церемонија во Командата на 12-сетата воздушна база во Кајсери беше испратен во неговото родно место во градот Газиантеп.

На погребната церемонија во градот Газиантеп учествуваа функционери на локалната самоуправа и воени функционери и блиски на загинатиот војник.

Потоа мртвото тело на загинатиот војник по џеназе (погребниот) намаз беше погребано.

Со смртта и на војникот Месут Јашар бројот на загинатите во терористичкиот напад со возило-бомба во градот Кајсери се зголеми на 15 војници.



Слични вести