Јилдирим: Ако претседателот го бирате директно и сметката ќе ја побарате од него

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека ако го бирате претседателот директно и сметката ќе ја побарате од него

665375
Јилдирим: Ако претседателот го бирате директно и сметката ќе ја побарате од него

Премиерот Бинали Јилдирим во говорот што го одржа на состанокот на раководствата за гласачки кутии на владејачката АК Партија во градот Адана направи значајни проценки во врска со направените уставни измени за кои ќе се оди на референдум.

Велејќи дека со оваа измена ќе бидат комплетирани уставните измени кои недостасуваа од направените измени во 2007 година, Јилдирим истакна дека ако го бирате претседателот директно и сметката ќе ја побарате од него.

Премиерот Бинали Јилдирим рече: „Ако вие претседателот го бирате директно и должноста и одговорноста ќе му ја дадете нему. И сметката ќе ја побарате од него.“

Нагласувајќи го и тоа дека борбата против Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО ќе продолжи, Јилдирим рече: „Немојте да се грижите, ќе им се наплати се. Оние кои го вперија оружјето против недолжните граѓани на оваа земја кои безмилосно ги нападнаа со авиони, хеликоптери и пукаа врз недолжните граѓани ќе положат сметка пред големата турска правда.“



Слични вести