Бинали Јилдирим, тероризмот ќе биде симнат од дневниот ред на Турција

Владата ќе се ориентира кон економијата, вработувањето, исхраната и среќата на граѓаните,подвлече премиерот Јилдирим.

663429
Бинали Јилдирим, тероризмот ќе биде симнат од дневниот ред на Турција

Премиерот Бинали Јилдирим говореше на свеченото доделување на наградите „Награди на годината на граѓански здруженија“,што се одржа во седиштети на владеачката АК партија.

Јилдирим во говорот се задржа на тероризмот и рече дека тероризмот ќе биде симнат од дневниот ред на Турција, дека владата ќе се ориентира кон економијата, вработувањето, исхраната и среќата на граѓаните.

Во продолжение премиерот Јилдирим се осврна на реакцијата на претседателот на главната опозициона партија  ЏХП Кемал Киличдароглу во врска со референдумот за измени на уставот и рече: Претседателот на главната опозициона партија  ЏХП Кемал Киличдароглу вели : „Не може со сила да се менува устав, каде ќе се искаже народната воља,во Собранието.Донесувањето уставни измени по пат на сила значи негирање на националната воља“.

Јас на тоа прашувам: Што ако не се воведе претседателски систем? Ќе продолжи двојната власт. На една страна имаме силен парламентарен систем а на другата диретно избран претседател. Не може. Двајца капетани не можат да седат на една иста фотеља.Треба да седи само еден. Луѓето се минливи,но она што е важно е државата. Да бев кариерист и љубител на државни фотељи немаше да се залагам за оваа промена.“

 

 



Слични вести