Средба на Ердоганови со малечката Ѓозјаши од Сирија

алечката Ѓозјаши им раскажа на претседателот Ердоган и на неговата сопруга Емине Ердоган за тоа како нејзиниот татко ги загубил нозете,видот и слухот во нападот со барел бомби

Средба на Ердоганови со малечката Ѓозјаши од Сирија

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган со сопругата Емине Ердоган го прими семејството на 27 годишниот Мамун Халид Насир кој во војната во Сирија ги загубил двете нозе,видот и слухот.

Средбата се реализира во претседателскиот комплекс во Анкара а на истата присуствуваа и 5 годишната ќерка на Насир Ѓозјаши и нејзиното помало братче.

Претседателот Ердоган им подари подароци на братчето и сестричката Насир и разговараше со нив.

Малечката Ѓозјаши им раскажа на претседателот Ердоган и на неговата сопруга Емине Ердоган за тоа како нејзиниот татко ги загубил нозете,видот и слухот во нападот со барел бомби на Идлиб,реализиран од страна на силите на претседателот Асад.Таа со солзи во очите рече,земете ги моите очи и дајте му ги на татко ми,за да може да ме види и да ме помилува.

Насир раскажа дека малата Ѓозјаши оди во претшколска установа и дека многу сака да учи турски.

 



Слични вести