Куртулмуш,одлуката на претседателот Трамп е крајно навредлива

Владата на Република Турција го соопшти својот став по забраната на американскиот претседател Доналд Трамп за влез на државјани од 7 муслимански земји во САД

662517
Куртулмуш,одлуката на претседателот Трамп е крајно навредлива

Владата на Република Турција го соопшти својот став по забраната на американскиот претседател Доналд Трамп за влез на државјани од 7 муслимански земји во САД.

Вице премиерот и портпарол Нуман Куртулмуш во интервју за весникот Хабертурк рече дека одлуката е сосема неприфатлива и дека за жал оваа одлука е резултат на растечките појави на исламофобија во западните земји во последниот период.

Куртулмуш додаде: Крајно навредливо е што станува збор за одлука на земја како што се САД во која живеат припадници на мноштво етнички и верски заедници.Не само што е навредливо туку не е ниту коректно.Оваа одлука е дискриминаторска,така да очекувам во најскоро време да биде коригирана.

Категорично граѓанин на било која земја не може да се третира како лош,бидејќи во сите земји постојат добри и лоши граѓани и граѓани кои што се огрешиле на законот. Поаѓајќи од тоа сметам дека,постои потреба од воспоставување на една заедничка интернет мрежа која ќе ја користат демократските држави во борбата против овие нелегални и терористички организации. Ете токму тоа е она што треба да го направат западните земји, и она што се очекува од нив.За жал моментално постојат две темни соби  кои работат паралелно,едната од нив е исламофобијата а другата во рацете на терористички организации слични на ДЕАШ кои милостивото лице на Исламот го користат за свои крвави акции и цели. Сите тие делуваат заради една иста цел. И двете го трујат животот на 1 милијарда 700 000 муслимани. Треба да бидеме будни пред сето тоа,истакна вице премиерот и портпарол на владата Нуман Куртулмуш.

 



Слични вести