Најмалку 20 припадници на ДАЕШ биле убиени во последните 24 часа во северот на Сирија

Меѓу вкупно уништените 23 цели на ДЕАШ имало засолништа,бункери, складишта со оружје и воени возила

661994
Најмалку 20 припадници на ДАЕШ биле убиени во последните 24 часа во северот на Сирија

Најмалку 20 припадници на терористичката организација ДАЕШ биле убиени во последните 24 часа во северот на Сирија во рамките на операцијата Штитот на Еуфрат на турските вооружени сили.

Турскиот генералштаб соопшти дека во изминатите 24 часа 160. ден од офанзивата продолжува акцијата за отстранување на елементи на терористичката организација ДЕАШ долж турско-сириската граница.

Меѓу вкупно уништените 23 цели на ДЕАШ имало засолништа,бункери, складишта со оружје и воени возила.

И турските воздушни сили исто така во изминатите 24 часа ги гаѓале позициите на ДЕАШ во северот на Сирија. Во овие напади биле уништени вкупно 20 цели на ДЕАШ кои терористите ги користеле како и неколку артилериски гнезда.

Во истото соопштение се подвлекува дека операцијата Штитот на Еуфрат и понатаму ќе продолжи со истата решителност со максимално внимание за да нема загуби кај цивилното население.



Слични вести