Британија и Турција работат на проект за развој и усовршување на еден нов тип борбен авион

Проектот за развој на национален борбен авион (TF-X) се поддржува од страна на владите на двете земји

661143
Британија и Турција работат на проект за развој и усовршување на еден нов тип борбен авион

Премиерот Бинали Јилдирим рече дека Британија и Турција работат на еден проект за развој и усовршување на еден нов тип борбен авион.

Вчера премиерот Јилдирим британската премиерка Тереза Меј во претсдетаелскиот дворец Чанкаја ја пречека со високи државни почести.

Двајцата премиери најпрвин одржаа тет-а тет средба а потоа претседаваа со раговорите меѓу делегациите.

Во говорот на заедничката прес конференција прмиерот Јилдирим рече дека согласно соработката во одбранбената индустрија и со цел да се унапреди истата, Турското акционерско друштво за воздухопловна и вселенска индустрија (ТАИ) и Британскиот одбранбен гигант БАЕ Систем потпиша рамковен договор за развој на проектот национален борбен авион.

Проектот за развој на анционален борбен авион (TF-X) е многу значаен проект кој се поддржува од страна на владите на Република Турција и Обединетото Кралство на Велика Британија, рече прмеиерот Јилдирим и додаде дека проектот ќе ја унапреди соработката и ќе ја зајакне силата на двете земји во одбраната.

Денес тероризмот е една од најголемите закани, рече премиерот Јилдирим и потенцираше дека познати се активностите на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО во светот и Англија, која беше суштинскиот актер на обидот завоен удар на 15 јули. На средбата имав можност да ја запознам британската премиерка Меј до активностите на ФЕТО поради што доставивме барање за да преземат потребните мерки и санкции во борбата против продолженијата и фракциите на оваа терористичка организација во Англија.

Исто така разменивме мислења и во врска со Кипарското прашање. Преговорите за Кипар и трајниот мир што ќе се постиггне треба да одговорат на барањата на двете сграни, да биде праведен, да се заснова на бизоналност и да има траен карактер, рече премиерот Јилдирим. Од земјите гаранти најзадоволни ќе бидеме ние, Обединетото Кралство и Турција, потенцираше премиерот Јилдирим.

Како последица на недостигот на авторитет во Сирија и Ирак, се налага неминова потреба за зајакнување на соработката во борбата против терористичките организации во овие земји, рече премиерот Јилдирим и нагласи дека како што Турција презеде одговорност во однос на прашањето, исто така и сите други земји пропорционално со нивните сили треба да преземат одговорност.

На едно прашање во врска со референдумот во Англија на кој граѓаните гласаа за напуштање на ЕУ, премиерот Јилдирим рече дека на средбата размениле мислења за започнување активности околу тоа како ќе се развиваат односите меѓу Турција и АНглија независно од ЕУ.

Британската премерка Тереза Меј на средбите уште еднаш ја изрази поддршката на Турција, рече премиерот Јилдирим и потенцираше дека поддршката на Велика Британија претставува отворена поддршка и став дека по обидот за кукавичкиот воен удар на 15 јули, се на страната на демократијата и националната волја во Турција.

На прашањето во врска со забраната на американскиот претседател Доналд Трамп за влез на бегалците во САД, премиерот Јилдирим рече човековите права не можат да бидат тема на пазарување.

Проблемот со бегалците не може да се реши со изградба на ѕид, рече премиерот Јилдирим потенцирајќи дека треба да се бара решение на проблемите пред да прерснат во неволја.

Денес започнавме едно ново стратешко партнерство, рече британската премиерка Меј и изрази верување дека партнерството ќе биде од корист во размената на разузнавачките информации, воздухопловството, безбедноста и воспоставувањето на безбедноста во земјите.

Партнерството ќе биде во корист на Турција, бидејќи Турција се наоѓа под зголемено ниво на терористички напади. Не треба да се забрави дека во последните 18 месеци бе убиени над 1500 турски војници и олицајци.



Слични вести