„Западот со џиновски капацитет на производство, но не може да придонесе за радоста на човештвото“

Претседателот Ердоган истакна дека западната цивилизација и покрај тоа што располага со џиновски капацитет на производство не може во иста мера да придонесе за радоста на човештвото

660707
„Западот со џиновски капацитет на производство, но не може да придонесе за радоста на човештвото“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган говореше на Советот за урбанизација во Конгресот за култура и конгрес во претседателската палата во Бештепе во Анкара.

Ердоган истакна дека западната цивилизација и покрај тоа што располага со џиновски капацитет на производство не може во иста мера да придонесе за радоста на човештвото.

Претседателот Ердоган рече: „Доколку врската помеѓу градот и човекот  не го зема за приоритетен човекот животната средина со онаа нејзина духовна димензија почнува да надвиснува над нас.“

Велејќи дека тешкотиите кои што се доживуваат во врска со животната средина не се специфични само за Турција и дека голем број заедници во светот доживуваат слични болки, Ердоган рече: „Руралната и градска распределба на населението брзо се пореметува. Кога ќе погледнеме кон нашата земја додека во 1950 година само 25-насто од нашето население живееше во градовите денеска овој процент достигна до над 90-насто.“

Претседателот Ердоган истакна дека во Западот постои монотипски принцип на архитектура и дека од ист тип објекти (згради) се гледаат илјадници.

„Тоа е западната архитектура. Урбанизацијата која што е постојана, меѓутоа која нема свој карактер не може да претставува наш идеал.“ - рече Ердоган.

Во врска со остварената посета на источна Африка пак, престедателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Во наредниот период од една страна ќе ги поправиме тамошните разрушувања на ФЕТО/ПДЈ, а од друга страна заедно ќе ги фрлиме нашите чекори со нови и мошне здрави основи. Велат ’Ние не знаевме толку’. Откако ги поставивме пред нив документите и се друго почнаа да велат ’ќе го направиме неопходното.“

На Советот за урбанизација во Конгресот за култура и конгрес во претседателската палата во Бештепе во Анкара говореше и премиерот Бинали Јилдирим истакна дека почна изградбата на 35 илјади станови во населените места во југоисточниот дел на земјата каде што сепаратистичко-терористичката организација со политиката на копање канали доведе до рушевини и подвлече дека овие активности продолжуваат интензивно.“

„За една година ќе изградиме неколкукратно поубави од претходните и откако ќе ги изградиме овие станови во кои се смислени сите потреби ќе им ги предадеме на нашите граѓани во југоисточниот дел на земјата.“ - рече премиерот Бинали Јилдирим.



Слични вести