Турција ја осуди одлуката на Врховниот грчки суд за неиспорачување на осумте војници пучисти

МНР на Турција објави писмено соопштение во врска со одлуката на Врховниот грчки суд (Ариос Пагос) за неиспорачување на Турција на осумте војници пучисти кои по неуспешниот обид за воен удар пребегаа во оваа соседна земија и ја осуди ваквата одлука

660105
Турција ја осуди одлуката на Врховниот грчки суд за неиспорачување на осумте војници пучисти

Турција го осуди неиспорачувањето на осумте војници пучисти кои по обидот за воен удар на 15 јули со хеликоптер пребегаа во Грција.

Турското министерство за надворешни работи објави писмено соопштение во врска со одлуката на Врховниот грчки суд (Ариос Пагос) за неиспорачувањето на Турција на осумте војници пучисти кои по неуспешниот обид за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО на 15 јули избегаа во соседна Грција.   

Во соопштението се потсетува дека грчкото судство го одби барањето за предавање на војниците пучисти кои учествуваа во обидот за воен удар и се вели следното: „Протестираме против оваа одлука која претставува препрека за изнесување пред независното турско судство на овие лица кои посегнаа по демократскиот поредок во Турција и одиграа активна улога во обидот за воен удар во кој загинаа 248 припадници на нашите безбедносни сили и наши граѓани-цивили и беа ранети 2.193-јца наши граѓани, а кои исто така посегнаа и по животот на претседателот.“ 

Во соопштението се додава следното: „Грчките органи досега го попречуваа полагањето сметка пред лицето на правдата на припадниците на терористичките организации на чело со ДХКП-Џ и ПКК кои ја напаѓаат Турција. Со оваа донесена одлука уште еднаш е согледано дека Грција како сојузничка и соседна земја избегнува да ги исполни своите минимални обврски во борбата против тероризмот и кривичните дела.“  

Во соопштението се нагласува дека ваквиот став на грчкото судство е во спротивност со меѓународните правни норми и принципи и исто така доведува до неказнување на извршителите на кривични дела и прекршување на правата на оштетените, по што се вели „Грција како земја која во минатото доживеала воени удари со оваа одлука за жал е дојдена во позиција на земја која ги брани и заштитува пучистите.“

Во соопштението се истакнува дека против оваа одлука на грчкото судство ќе продолжат да се водат иницијативи за предавање на виновниците и нивно изнесување пред суд искористувајќи ги притоа сите правни патишта и се додава следното: „Оваа одлука за која што мислиме дека е донесена со политички мотиви ќе ги подложат на обемно преиспитување и соработката која што ја реализираме со оваа земја во сферата на борбата против тероризмот и влијанијата над нашите заеднички активности во однос на други билатерални и регионални прашања.“



Слични вести