Премиерот Јилдирим му честита на Медведев за реизборот за претседател на партијата Обединета Русија

Според добиени информации од владини извори премиерот Бинали Јилдирим испрати порака со честитка до Медведев кој на конгресот на владејачката Партија Обединета Русија што се одржа на 22 јануари беше реизбран за претседател на партијата

659313
Премиерот Јилдирим му честита на Медведев за реизборот за претседател на партијата Обединета Русија

Премиерот Бинали Јилдирим му честита на рускиот премиер Дмитриј Медведев за повторниот избор за претседател на владејачката партија Обединета Русија.

Според добиени информации од владини извори премиерот Бинали Јилдирим испрати порака со честитка до Медведев кој на конгресот на владејачката Партија Обединета Русија што се одржа на 22 јануари беше реизбран за претседател на партијата.  

Рускиот премиер Дмитриј Медведев кој учествуваше како единствен кандидат и беше повторно избран за претседател на партијата Обединета Русија  во говорот што го одржа им се заблагодари на членовите на својата партија кои повторно се определија за него.

Медведев кој седна на претседателската фотелја на владејачката партија Обединета Русија во 2012 година ќе се наоѓа на чело на партијата и во текот на наредните 5 години.



Слични вести