Од Јилдирим до Трамп: Ако ви затреба искуство за железнички линии, патишта, аеродроми ние сме спремни

Бинали Јилдирим истакна дека турската влада е спремна да му ги пренесе своите искуства на американскиот претседател Доналд Трамп кој велејќи „Ќе изградам железнички линии, патишта, аеродроми“ ги изнесе своите најзначајни, најпретенциозни проекти

659616
Од Јилдирим до Трамп: Ако ви затреба искуство за железнички линии, патишта, аеродроми ние сме спремни

Премиерот Бинали Јилдирим вчера говореше на состанокот на претседателите на градските ограноци на Партијата за правда и развој АКП (АК Партијата) и притоа потсетувајќи на предизборните ветувања на новиот американски претседател Доналд Трамп рече: „Сега Трамп велејќи ’Ќе изградам железнички линии, патишта, аеродроми’ ги изнесе своите најзначајни, најпретенциозни проекти. Ние сме спремни. Ако затреба искуство, искуството е овде. Не е шега, во САД нема брз воз, кај нас има.“

Бинали Јилдирим истакна дека турската влада е спремна да му ги пренесе своите искуства на американскиот претседател Доналд Трамп.

Јилдирим објасни дека се завршени големи проекти како што се висечкиот мост Јавуз Султан Селим и висечкиот мост Осман Гази како џиновски проекти кои ги обединуваат двата континента Европа и Азија и Измитскиот залив од едниот до другиот брег, како и 19 илјади километри поделени патишта автопати, како и 26 аеродроми.

Премиерот Бинали Јилдирим рече: „Никој да не гледа поинаку кон Турција. Отворањето на берлинскиот аеродром во Германија се одложува по шести пат, меѓутоа ние Иншаллах првата етапа на најголемиот аеродром на светот во Истанбул ќе ја отвориме на 26 февруари 2018 година.“

 



Слични вести