Претседателот Ердоган: Во период кога Мадагаскар беше изолиран ние овде ја отворивме нашата амбасада

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и претседателот на Мадагаскар Хери Раџаонаримампианина одржаа заедничка конференција за претставниците на печатот на која и двајцата претседатели изразија желба за унапредување на односите помеѓу двете земји

659095
Претседателот Ердоган: Во период кога Мадагаскар беше изолиран ние овде ја отворивме нашата амбасада

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган ги започна своите средби и разговори во Мадагаскар, последната станица од неговата турнеја по три источноафрикански земји.

Претседателот на Мадагаскар Хери Раџаонаримампианина го пречека претседателот Ердоган со официјална церемонија во претседателскиот дворец.

По дочекот двајцата претседатели, Ердоган и Раџаонаримампианина одржаа средба лице в лице, а потоа се премина на разговори помеѓу делегациите на двете земји.

Двајцата лидери по разговорите одржаа заедничка конференција за претставниците на печатот.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа во оваа прилика рече: „Верувам дека нашите бизнисмени би можеле да направат многу работи во Мадагаскар. Меѓутоа верувам дека тоа нема да го направат со експлоататорски начин на сфаќање, туку со принципот добивај-добивај. Во период кога Мадагаскар беше изолиран ние овде ја отворивме нашата амбасада. Со хуманитарната помош што ја доставуваме во рамките на нашите можности покажавме дека сме вистински пријатели. Чувствувам задоволство од тоа што поради овој наш начин на сфаќање за солидарност и пријателство се стекнавме со ценење од страна на народот.“ 

Велејќи „На денешните остварени разговори се стекнавме со можност за разгледување на нашите билатерални односи“, Ердоган напомена дека откако Турција ја отвори својата амбасада во Мадагаскар обемот на трговската соработка помеѓу двете земји се зголеми на 60 милиони долари и дека овој обем треба да се зголеми уште повеќе.

„Мислам дека со летовите на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) овој трговски обем ќе се зголеми.“ - рече Ердоган.

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган својот говор на одржаната заедничка конференција за претставниците на печатот со домаќинот претседателот на Мадагаскар Хери Раџаонаримампианина го продолжи со следните зборови: „Со претседателот разговаравме и за Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ. Доставив информации и документи во врска со оваа структура. Оваа структура освен тоа што во текот на 40 години се инфилтрира во сите институции во државата ноќта на 15 јули изврши и обдит за воен удар. Земајќи ме за цел и мене лично и премиерот ги убија нашите граѓани. Овие го продлжуваат своето делување во 170 различни делови на светот. На нашите пријатели им велиме дека ние бевме подложени на обид за воен удар, немојте да бидете подложени и вие.“ 

Осврнувајќи се и на сириските разговори во казахстанскиот главен град Астана, претседателот Ердоган истакна дека на крајот на овдешните разговори беше одлучено да биде зајакнат прекинот на огнот и напомена дека за следење на прекинот на огнот и за спречување на провокациите ќе биде формиран троен механизам.

 



Слични вести