Чавушоглу: Турција е на страна на изнаоѓање политичко решение во Сирија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека сириските разговори во казахстанскиот главен град Астана на кои е одлучено да се формира троен механизам завршија успешно и дека Турција е на страната на изнаоѓање политичко решение во Сирија

658573
Чавушоглу: Турција е на страна на изнаоѓање политичко решение во Сирија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во направената проценка во Мозамбик во врска со одржаните разговори за Сирија во казахстанскиот главен град Астана истакна дека Турција е на страна на изнаоѓање политичко решение во Сирија.

„Самитот заврши успешно и ќе се формира троен механизам.“ - рече Чавушоглу.

Велејќи дека Турција, Русија и Иран на крајот на состанокот објавија заедничка декларација, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу продолжи со следните зборови: „Овде исто како претходно и во Москва беше нагласено единството и територијалниот интегритет на Сирија. Беше ставено акцент дека најдоброто решение, односно единствената алтернатива е политичкото решение. За зајакнување на прекинот на огнот и за целосно ставање крај на прекршувањата одлучивме да формираме троен механизам. Активното учество на Иран во процесот во иднина е значајно за иднината на прекинот на огнот. На крај благодарение на сите наши напори кои што ги вложивме во текот на два дена состанокот во Астана заврши успешно.“

Инаку вчера, на вториот ден од сириските разговори во казахстанскиот главен град Астана; Турција, Русија и Иран како гаранторски земји постигнаа компромис по прашањето на следење на прекршувањата на прекинот на огнот во Сирија со воспоставување на троен механизам како и продолжување на применувањето на прекинот на огнот.



Слични вести