Емине Ердоган ја отвори канцеларијата на ТИКА во Танзанија

На отворањето за хендикепираните беше даден грант од 25 возила на батерии и два инкубатори за потребите на државната болница

658247
Емине Ердоган ја отвори канцеларијата на ТИКА во Танзанија

Сопругата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, Емине Ердоган во Даруселам, трговската престолнина на Танзанија ја отвори Канцеларијата на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).

На свеченото отворање на канцеларијата на ТИКА, Емине Ердоган учествуваше заедно со сопругата на претседателот на Танзанија Џон Помбе Џозеф Магуфули, Џенет Магуфули и претставници на ТИКА. На отворањето за хендикепираните лица беше даден грант од 25 возила на батерии и два инкубатори за потребите на државната болница.

Џенет Магуфули во говорот ја изрази благодарноста на Емине Ердоган и задоволството од помошта и поддршката на Турција за развојот на Африка.

Емине Ердоган во рамките на посетата на Танзанија го посети музејот Вилиџ каде што одредени племиња продолжуваат да живеат во племенски заедници.



Слични вести