Британската премиерка Тереза Меј на 28 јануари ќе допатува во посета на Турција

Британската премиерка Тереза Меј најпрвин на 26 и 27 јануари 2017 година, во четврток и петок ќе престојува во посета на САД, а потоа на 28 јануари во саботка ќе допатува во посета на Турција

658336
Британската премиерка Тереза Меј на 28 јануари ќе допатува во посета на Турција

Британската премиерка Тереза Меј на 28 јануари 2017 година, во сабота ќе допатува во посета на Турција.

Тереза Меј најпрвин на 26 и 27 јануари 2017 година, во четврток и петок, ќе престојува во посета на САД каде што ќе се состане со новиот американски претседател Доналд Трамп, а потоа наредниот ден на 28 јануари во сабота ќе ја посети Турција. 

Британската премиерка Тереза Меј ќе биде прв лидер кој ќе оствари средба лице в лице со новиот американски претседател Доналд Трамп.

По посетата на САД Тереза Меј ќе допатува во посета на Турција каде што ќе се состане со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и со премиерот Бинали Јилдирим. 

На разговорите освен за голем број меѓународни прашања како што се борбата против терористичката организација ДАЕШ и состојбата во Сирија ќе стане збор и за билатералните и трговските односи помеѓу Турција и Велика Британија.

Ова ќе биде прва посета на Тереза Меј на Турција по преземањето на премиерската функција минатата година.



Слични вести