Претседателот Ердоган во посета на источноафриканската држава Танзанија

Претседателот Ердоган во главниот град на Танзанија Дар ес Салам на меѓународниот аеродром Џулиус Ниерере беше пречекан од страна на премиерот на Танзанија Касим Мажалива и амбасадорот на Турција во Дар ес Салам Јасемин Ералп

656850
Претседателот Ердоган во посета на источноафриканската држава Танзанија
cumhurbaşkanı tanzanya karşılama.jpg
cumhurbaşkanı tanzanya işadamları.jpg
cumhurbaşkanı tanzanya halk.jpg

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган престојува во посета на Танзанија, првата станица од неговата турнеја по три земји од источна Африка во чии рамки ќе бидат опфатени и Мозамбик и Мадагаскар.

Претседателот Ердоган во главниот град на Танзанија Дар ес Салам на меѓународниот аеродром Џулиус Ниерере беше пречекан од страна на премиерот на Танзанија Касим Маџалива, амбасадорот на Турција во Дар ес Салам Јасемин Ералп и вработените на амбасадата.

Ердоган беше дочекан со радост од страна на голем број танзаниски граѓани со знамиња на Турција и Танзанија во своите раце со кои извесно време и разговараше.

Потоа претседателот Ердоган на состанокот во организација на Советот за надворешно економски односи ДЕИК се состана со турските бизнисмени.

На состанокот зад затворени врати учествуваа и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за економија Нихат Зејбекчи, министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак, претседателот на Советот за надворешно економски односи ДЕИК Омер Џахид Вардан и голем број бизнисмени.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган своите средби и разговори во Танзанија ќе ги започне денеска во чии рамки најпрвин ќе биде примен со официјална церемонија во претседателскиот дворец Икулу од страна на танзанискиот претседател Џон Помбе Џозеф Магуфули.

Двајцата лидери најпрвин ќе остварат средба лице в лице, а потоа ќе претседаваат со разговорите помеѓу делегациите на двете земји.

Откако ќе бидат потпишани низа договори за соработка во низа сфери двајцата лидери Ердоган и Магуфули ќе одржат заедничка конференција за претставниците на печатот.

Освен тоа Ердоган и Магуфули ќе претседаваат и на Бизнис форумот.

По остварените средби и разговори во Танзанија претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе замине за Мозамбик, втората станица од неговата турнеја по источна Африка.



Слични вести