Почнаа сириските разговори во казахстанскиот главен град Астана

Во име на сириската опозиција на преговарачката маса се наоѓа 14 члена воена делегација, додека режимот на Асад е претставуван од страна на претставникот во ОН Бешар ел-Џафери

657201
Почнаа сириските разговори во казахстанскиот главен град Астана

Во главниот град на Казахстан, Астана започна состанокот за Сирија на кој учествуваат воени претставници на сириската опозиција, режимот на Асад и делегации на Турција, Русија, Иран и САД, а со цел ставање крај на вороужените судири во оваа земја кои што 6 години како продолжуваат.

Состанокот започна по процес на интензивни подготовки под водство на Турција и Русија.

Во име на сириската опозиција на преговарачката маса се наоѓа 14 члена воена делегација, додека режимот на Асад е претставуван од страна на претставникот во ОН Бешар ел-Џафери.

Приближно 40 члената група советници пак кои исто така допатуваа во Астана, меѓутоа не учествуваат на состанокот ги поддржуваат своите делегации.

На состанокот учествуваат и делегации на Турција, Русија, Иран, САД и специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН Стефан де Мистура.

Турција на состанокот е претставувана од страна на заменик потсекретарот на министерството за надворешни работи Седат Онал, Иран од страна на заменик министерот за надворешни работи Хусејин Џабири Енсари, а делегацијата на САД ја предводи амбасадорот во Астана Џорџ Крол.

Во име на Русија пак на разговорите учествуваат претставникот на рускиот претседател Владимир Путин за Сирија Александер Лаврентиев и заменик министерот за надворешни работи Михаил Богданов.

Казахстанското министерство за надворешни работи соопшти дека сириските разговори се очекува да траат до утре вечер.

Сириските разговори во Астана ги следат 320 странски и 120 домашни новинари.



Слични вести