МНР на Турција ја осуди одлуката на Израел за изградба на 560 нови станови во Источен Ерусалим

Во соопштението на турското министерство за надворешни работи се осудува одлуката на Израел за изградба на 560 нови станови на окупираните палестински територии во Источен Ерусалим

657169
МНР на Турција ја осуди одлуката на Израел за изградба на 560 нови станови во Источен Ерусалим

Турција го осуди израелското одобрување за изградба на 560 нови станови на окупираните палестински територии во Источен Ерусалим.

Во соопштението на турското министерство за надворешни работи се осудува оваа одлука на Израел и се вели следното: „Тоа што и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со датум од 23 декември 2016 година и број 2334 со која се осудуваат активностите на Израел за изградба на нови илегални населби,а воедно е заведено и тоа дека овие активности ја разоруваат основата за изнаоѓање решение со две држави, Израел ја продолжува оваа своја политика, претставува нов показател за ставот на оваа земја со кој што не се земаат во предвид меѓународното право и повиците на меѓународната заедница.“ 

Инаку, Комитетот за изградба и планирање на локалната самоуправа на Ерусалим вчера ја одобри изградбата на 560 нови станови на окупираните палестински територии во Источен Ерусалим.



Слични вести