Турски Ф-16’ки на северот на Ирак неутрализираа 22-јца терористи на ПКК
Турски воени авиони Ф-16 бомбардираа цели на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во областа на планината Кандил во северниот дел на Ирак и беа неутрализирани 22-јца терористи

Воени авиони Ф-16 на Турските вооружени сили (ТВС) уште еднаш ги бомбардираа целите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во областа на планината Кандил во северниот дел на Ирак и беа неутрализирани 22-јца терористи.
Во воздушната операција беа уништени засолништа и наоружани позиции на терористичката организација.
Турски воени авиони реализираа воздушна операција и во руралното подрачје на градот Адијаман.
Во операцијата беа уништени цели за кои што беше утврдено дека се користени од страна на терористите.
Во областа потоа беа испратени специјални сили и командоски единици кои започнаа активности за пребарување на теренот.
Во реализирани операции против терористичката организација ПКК им беше нанесен тежок удар и на финансиските извори на организацијата.
Во 6 скривници во руралното подрачје на населеното место Лиџе кај градот Дијарбакир беа запленети 1.835 килограми дрога.
Материјалите за обезбедување на животните потреби на терористите кои беа запленети во пештери и скривници беа уништени.
Слични вести

Уште еден терорист им се предаде на турските безбедносни сили
На тој начин бројот на терористите кои се предадоа оваа година по пат на убедување се зголеми на 51