Реакција од МНР на Турција на тврдењата на некои медиуми во Европа во врска со обидот за воен удар

МНР на Турција истакна дека вестите во врска со обидот за воен удар на 15 јули за кои што се наведува дека се потпираат на разузнавачки служби на ЕУ се „погрешни, неосновани, пристрасни вести, кои што се производ на неукост и незнаење“

656680
Реакција од МНР на Турција на тврдењата на некои медиуми во Европа во врска со обидот за воен удар

Министерството за надворешни работи на Турција покажа реакција против тврдењата кои што зазедоа место во некои медиуми во Европа во врска со обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО на 15 јули.

Министерството за надворешни работи истакна дека вестите во врска со обидот за воен удар на 15 јули за кои што се наведува дека се потпираат на разузнавачки служби на ЕУ се „погрешни, неосновани, пристрасни вести, кои што се производ на неукост и незнаење“. 

Од министерството за надворешни работи на Турција е побарано појаснување од функционерите на ЕУ во врска со извештајот за кој што се вели дека е подготвен од страна на центарот составен од разузнавачи на земјите членки на ЕУ.

Од функционерите на ЕУ засега не е добиено одредено потврдување во врска со постоењето и содржината на извештајот за кој станува збор.

Во објавеното соопштение од министерството за надворешни работи се вели следното: „Со докази е откриено дека во позадината на обидот за воен удар се наоѓа ФЕТО и во однос на ова прашање се доставени информации до земјите членки на ЕУ на секое ниво.“

Како што се укажува во соопштението доколку се потврди дека извештајот за кој што се тврди дека е протечен е подготвен од страна на официјални институции тоа ќе претставува најотворен показател за лошонамерниот став на ЕУ против Турција.



Слични вести