Русија и Турција се во постојана комуникација по сириското прашање

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков истакна дека Русија и и Турција се во постојана комуникација по сириското прашање на различни нивоа

656199
Русија и Турција се во постојана комуникација по сириското прашање

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во дадената изјава за претставниците на печатот во Москва направи проценка на сириските разговори за кои се планира да се одржат во главниот град на Казахстан Астана.

Песков истакна дека Русија и и Турција се во постојана комуникација по сириското прашање на различни нивоа.

На прашањето на претставниците на печатот „Дали лидерите на Русија и Турција планираат да разменат мислења во врска со разговорите во Астана?“, Дмитриј Песков одговори: „Координацијата помеѓу Русија и Турција постојано продолжува на различни нивоа.“

Песков потсети дека е направена пауза во сириските разговори во швајцарскиот град Женева и рече: „Доколку разговорите во Астана обезбедат придонес за повторно започнување и зајакнување на форматот на преговори тоа ќе претставува позитивен развој.“



Слични вести