Привршува вториот круг на гласање на предлогот за уставни измени

На вчерашната седница на Собранието беа усвоени предлог измените во уште 4 членови на Уставот

655439
Привршува вториот круг на гласање на предлогот за уставни измени

На вчерашната седница на генералното заседание на Големото национално собрание на Турција беа усвоени предлог измените во уште 4 членови на Уставот.

Измените во 8-от член на Уставот беа усвоени со 339 гласови, во 9-от член со 341 глас, во 11-от член со 342 гласови.

Измената во 8-от член гласи дека претседателот е „шеф на државата и извршната власт“.

Со новите измени на претседателот му се дава овластување да прогласи Уредба со законска сила.

Исто така претседателот има право да ги назначи и изземе од функција своите помошници и заменици.

Со 9-от член се регулира кривичната одговорност на претседателот.

Во случај да се постои сомневање дека претседателот извршил кривично дело, ќе може да се поднесе пријава за започнување истрага.

За тоа ќе биде доволно апсолутното мнозинство на собранието да поднесе предлог иницијатива.

За изнесување на претседателот пред Врховен суд ќе се бараат гласови на 400 пратеници.

10-от член на уставните измени се однесува на помошниците на претседателот и правото на овластување.

Во случај претседателската функција биде напуштена поради било која причина, тогаш на негово место ќе биде назначен еден од помошниците.

11-от член се однесува на меѓусебно анулирање со повторувањето на изборите.

Според тоа, за повторување на парламентарните и претседателски избори ќе се бара да се исполни условот за гласовите на 60 пратеници.



Слични вести