Мехмет Шимшек: ЕУ е за 10 пати позначаен трговски партнер за Турција од САД

Потпретседателот на владата Мехмет Шимшек кој ја претставува Турција на Светскиот економски форум во Давос истакна дека ЕУ во споредба со САД е за 10 пати позначаен трговски партнер за Турција

655588
Мехмет Шимшек: ЕУ е за 10 пати позначаен трговски партнер за Турција од САД

Потпретседателот на владата Мехмет Шимшек на 47-от Светски економски форум во швајцарското градче Давос говореше на седницата на тема „Агендата на Г-20: Планирање на маршрутата за нов раст“ и притоа привлече внимание дека ЕУ во споредба со САД е за 10 пати позначаен трговски партнер за Турција.

Во врска со надворешната трговија на Турција Шимшек рече: „ЕУ е за 10 пати позначаен трговски партнер за Турција од САД. Турција 50-насто од својот извоз го остварува во ЕУ, а 5-насто во САД. Во овој случај за нас ЕУ е позначајна од САД.“

Осврнувајќи се и на прашањето со Царинската унија меѓу ЕУ и Турција, Мехмет Шимшек рече: „Комисијата на ЕУ запали зелено светло за ажурирањето на Царинската унија. Со ова ажурирање обемот на Царинската унија ќе се прошири и на сфери како што се земјоделството, секторот на услуги и јавните набавки. Ажурирањето на Царинската унија меѓусебниот трговски обем во наредните 10 години би можел да го зголеми двократно и од сегашното ниво од 150 милијарди долари би можел да го зголеми на 300 милијарди долари. Тоа ќе биде во полза и на ЕУ и на Турција.“ 

На седницата на која што говореше потпретседателот на владата Мехмет Шимшек присуствуваа и германскиот министер за финансии Волфганг Шобле, аргентинскиот министер за финансии Николас Дужовне и министерот за финансии на Јужна Африка Правин Гордан.

На Светскиот економски форум во Давос кој што завршува денеска учествуваат приближно 3.000 стопанственици, политичари, академици и претставници на граѓански органзиации од над 100 земји во светот.



Слични вести