Во вториот круг од гласањето во Собранието усвоени првите 7 члена од предлогот за уставни измени

Во вчерашниот дел од дискусиите во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) беа усвоени првите 7 члена од предлогот за измени на Уставот составен од 18 члена при што пратениците гласаа тајно одделно за секој член

654599
Во вториот круг од гласањето во Собранието усвоени првите 7 члена од предлогот за уставни измени

Полека наближува крајот за усвојување на предлогот за измени на Уставот...

Вчера заврши првиот ден од дискусиите и гласањето во вториот круг од предлогот за уставни измени.

Во вчерашниот дел од дискусиите во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) беа усвоени првите 7 члена од предлогот за измени на Уставот составен од 18 члена при што пратениците гласаа тајно одделно за секој член.

Беа одржани говори за предлози само во однос на членовите.

Првиот член од предлогот за уставни измени во кој кон принципот независно судство е додаден и принципот самостојно судство беше усвоен со 345 гласа „за“.

Вториот, третиот, четвртиот, петиот и шестиот член од предлогот пак поминаа со 342 гласа. 

Во вториот член бројот на пратеници во собранието од сегашните 550 се зголемува на 600, додека во третиот член возраста за кандидирање и избор за пратеник од 25 години се сведува на 18 години.

Четвртиот член пак се однесува на одржувањето на изборите и според овој член парламентарните избори ќе се одржат на 5 години и тоа на ист ден со претседателските избори.

Петиот и шестиот член ги регулираат наново задачите и надлежностите на собранието. Од Уставот ќе биде извадена интерпелацијата како еден од методите за надзор и контрола на извршната власт од страна на собранието.

Поради бурните дискусии кои што беа водени за време на разгледувањето на шестиот член гласањето за овој член беше повторено, така што и овој член го помина прагот од 330 гласови колку што се најмалку потребни за референдум.

Седмиот член во кој се определени условите за кандидирање за претседател на државата беше усвоен со гласовите на 340 пратеници.

На вчерашниот дел од вториот круг гласање за предлогот за уставни измени во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) присуствуваа и лидерите на политичките партии кои се преставени во собранието.

На гласањето учествуваа претседателот на владејачката АК Партија (Партија за правда и развој АКП) и премиер Бинали Јилдирим, претседателот на главната опозициона Републиканска народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу и опозиционата Партија за националистичко движење (МХП) Девлет Бахчели.

Доколку еден член од предлогот за уставни измени добие под 330 гласа ќе биде изваден од предлогот.

Вториот круг од дискусиите во собранието се очекува да биде заокружен денеска.



Слични вести