Турција на церемонијата на инаугурацијата на Доналд Трамп ја претставува Мевлут Чавушоглу

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу пред церемонијата на полагање заклетва оствари низа средби со високи функционери на новата американска администрација меѓу кои и со генерал Мајкл Флин кој е назначен за советник за национална безбедност

654644
Турција на церемонијата на инаугурацијата на Доналд Трамп ја претставува Мевлут Чавушоглу

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу замина за главниот град на САД Вашингтон каде што утре (20 јанаури, петок) ќе ја претставува Турција на церемонијата на полагање заклетва на новиот 45-ти американски претседател Доналд Трамп.

Чавушоглу пред церемонијата оствари низа средби со високи функционери на новата американска администрација и во тие рамки се состана на доручек со генерал Мајкл Флин кој е назначен за советник за национална безбедност на САД.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на средбата со генерал Мајкл Флин уште еднаш ги изнесе барањата на Турција од новата американска управа во сферата на борбата против тероризмот.

Чавушоглу рече дека Турција очекува поддршка и соработка од сојузничките земји особено во борбата против терористичките организации.

По оваа средба Мевлут Чавушоглу во текот на вчерашниот ден се состана и со други надлежни личности во кабинетот на новиот американски претседател Доналд Трамп.  

Дипломатски извори истакнуваат дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ги доставил до кабинетот на Трамп барањата на Турција за новиот период и разменил мислења со своите соговорници.

Инаку, Чавушоглу во статијата која што ја напиша за американскиот весник „Вашингтон пост“ на 12 јануари истакна дека турскиот народ е разочаран од политиките кои што ги применува американската администрација.



Слични вести