Напад со петарди врз Генералниот конзулат на Турција во Цирих

Швајцарската полиција почна да ги анализира снимките од безбедносните камери во околината и побара од очевидците да отидат во најблиската полициска станица и да дадат изјава

654513
Напад со петарди врз Генералниот конзулат на Турција во Цирих

Синоќа беше извршен напад со петарди врз Генералниот конзулат на Турција во швајцарскиот град Цирих.

Швајцарската полиција започна истрага во врска со нападот во кој беше причинета материјална штета на прозорците и ѕидовите на зградата на Генералниот гонзулат.

Полицијата почна да ги анализира снимките од безбедносните камери во околината и побара од очевидците да отидат во најблиската полициска станица и да дадат изјава.

Во меѓувреме во последно време е евидентиран раст во протестите на приврзаниците на терористичката организација ПКК/ПЈД во Швајцарија.

Така минатата недела за време на протестот на терористичките настани во Турција пред канцеларијата на ОН во Женева беше притворено едно лице кое носеше таканаречено знаме на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.



Слични вести