Дигиталните игри се користат како средство за ширење на исламофобијата

Дигиталните игри опремени со непријателство кон исламот и муслиманите, се користат како средство за ширење на исламофобијата

655209
Дигиталните игри се користат како средство за ширење на исламофобијата
bilgisayar oyunlarında islamafobi4.jpg
bilgisayar oyunlarında islamafobi3.jpg
bilgisayar oyunlarında islamafobi2.jpg

Министерството за младина и спорт, во истражувањето под наслов „Исламофобијата во компјутерските игри“ истакнува дека со цел да се испразни сржта на исламот, е прогласена мобилизација поради што се започна со метод на перцепција.

Според истражувањето, се вложуваат напори за нормализирање на стравот кон муслиманите, банализирање на омразата и непријателството, изнесување неповолни потсвесни пораки преку ТВ-екрани, кинематографијата и филмовите, компјутерите, таблетите, паметните телефони на младите мозоци.

Кога отворено се изнесуваат и упатуваат пораки на непристојност и навреда, тогаш преку културните вредности, традицијата, националните и етички вредности и придобивки на младите умови потсвесно им се сместуваат овие пораки.

Затоа, креаторите на игрите пораките ги упатуваат без да можете да ги разликувате (снимката, сликата, гласот и др.).

Дигиталните игри опремени со непријателство кон исламот и муслиманите, се користат како средство за ширење на исламофобијата.

Причината за тоа е вовлекувањето на играчите во главната улога на дигитална игра и заземањето активна улога.

Лицето кое што ја гледа или учествува во играта како активен играч, сведочи за убиството на лицето кое се прикажува како терорист. За жал, играчот кој се вклучува во играта во улога на војник, терористот кој што го убива се прикажува дека е муслиман. Зависно од бројот на терористите муслимани кои што ги убива, играчот добива поени.

На тој начин, на компјутерските игри кои многу брзо се шират се доживува масакр врз муслиманите и се наметнува непријателството против исламот.

Министерството во врска со прашањето отвори нова страница која гласи „www.oyunlardaislamofobi.com“ и на посетителите на страницата им нуди сеопфатни информации за исламофобијата.

Преку овој портал се планира да се информираат сите играчи, родители и младите кои немаат познавања за овој метод на перцепција и да се заштитат од кампањите кои се водат против исламот како и исламофобијата.



Слични вести