Турција и Русија имаат заеднички став за учеството на САД на состанокот во Астана

Продолжува прекршувањето на примирјето од страна на режимот и одредени групи

653760
Турција и Русија имаат заеднички став за учеството на САД на состанокот во Астана

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека Турција споделува заеднички став со Русија околу учеството на САД на претстојниот самит во Астана посветен на Сирија.

Засега учеството на ОН, Турција, Русија, Иран и САД на состанокот во Астана посветен на Сирија се наоѓа во етапа на дефинитивно усвојување подвлече министерот Чавушоглу.

Во вчерашната изјава за печатот министерот Чавушоглу рече дека Турција преговорите во Астана бара да се одржат на 23 јануари.

Пред овој датум се предвидува да се состанат експертите, а исто така ќе се состанат и претставниците на Турција, Русија и Иран.

Со Русија работиме на составувањето на документот со кој се предвидуваат казните за страните кои ќе го прекршат примирјето, рече министерот Чавушоглу и потенцираше дека продолжуваат и активностите во врска со санкциите.

За жал согледуваме дека продолжува прекршувањето на примирјето од страна на режимот и одредени групи. Повремено се забележуваат дури воздушни напади. На вчерашниот телефонски разговор со рускиот колега Лавров го повторив ова гледиште и му посочив дека и Рурсија како земја гарант треба да направи се што е во нивна можност. Особено на Русија како земја гарант на режимот така и на Иран им посочуваме на прекршувањата. Сите инволвирани страни треба да направат се што е во нивна можност за одржување и продолжување на постигнатото примирје. И Турција прави се што е во нејзина можност. За почитување на примирјето и ни ги предупредуваме силите на опозицијата да бидат поумерени и посмирени, рече министерот Чавушоглу.

ЈПГ, фракцијата на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во Сирија нема да учествува на состанокот во Астана, подвлече министерот Чавушоглу и додаде дека Турција не може да го прифати учеството на оваа терористичка организација на преговарачката маса. Тоа не можеме да го дозволиме. Пријателска Русија многу добро ја знае нашата чувствителност во однос на прашањето поради што не инсистира, рече Чавушоглу.



Слични вести