Од 1 јануари Турција официјално привремен претседател на организацијата БСЕЦ

Турција ќе придаде значење на развојот и унапредувањето на трговската и земјоделската соработка

653676
Од 1 јануари Турција официјално привремен претседател на организацијата БСЕЦ

Почнувајќи од 1 јануари, Турција официјално го презеде привременото претседателствување со Организацијата за црноморска економска соработка (БСЕЦ).

Во периодот на привременото претседателствување на Турција со БСЕЦ се предвидува да се одржи самит на кој ќе учествуваат претседателите на државите и владите.

Во шестмесечниот период на претседателствување, Турција ќе придаде значење на развојот и унапредувањето на трговската и земјоделската соработка.

Организацијата за црноморска економска соработка (БСЕЦ) формирана во 1992 година под покровителство на Турција брои 12 земји членки.

Организацијата БСЕЦ има за цел да ги искористи потенцијалите, географската блискост, комплементарните карактеристики на економиите со цел да се развие билатералната и мултилатерална соработка, да се збогатат и развијат технолошките и социјални односи и на тој начин да се даде придонес Црноморската област да се претвори во регион на мирот, стабилноста и прогресот.



Слични вести