На 148-от ден од операцијата Еуфратски штит се неутрализирани 17 терористи на ДАЕШ

На 148-от ден од операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија се погодени 137 цели од копно и 8 цели од воздух на терористичката организација ДАЕШ и се неутрализирани 17терористи

653927
На 148-от ден од операцијата Еуфратски штит се неутрализирани 17 терористи на ДАЕШ

На 148-от ден од операцијата Еуфратски штит која што продолжува под водство на Турските вооружени сили против терористичките елементи во северниот дел на Сирија се неутрализирани 17 терористи, припадници на терористичката организација ДАЕШ.

Според добиени информации од Турските вооружени сили, продолжува операцијата која што започна на 24 август во северните делови на Сирија за елиминирање на заканата од терористичките организации на чело со ДАЕШ, зголемување на пограничната безбедност и давање поддршка на коалиционите сили.

На 148-от ден од операцијата со помош на хаубици од типот Фиртина, повеќецевни ракетни системи и тенкови беа погодени 137 цели на терористичката организација ДАЕШ. Питоа беа уништени цели меѓу кои се наоѓаат одбранбени позиции, командно-контролни објекти, оружје и возила.

Освен тоа со воени авиони и беспилотни летала на Турските воздушни сили беа погодени 8 цели во Ел Баб и Суфланијах. Во операцијата беа уништени 6 засолништа, штабна зграда и возило натоварено со бомби.

Од почетокот на операцијата Еуфратски штит досега контролирано се уништени 2.945 експлозивни направи од рачна изработка и 43 мини.

 



Слични вести