Калин: Членството на Турција во НАТО не претставува пречка за поблиски односи со Русија и Кина

Портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин истакна дека членството на Турција во НАТО не претставува пречка за воспоставување на поблиски односи со земји како што се Русија и Кина

654230
Калин: Членството на Турција во НАТО не претставува пречка за поблиски односи со Русија и Кина

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин во Анкара се состана со претставниците на меѓународните медиуми при шпто привлече внимание кон тоа дека Турција поради нејзината геополитичка местоположба мора да следи повеќестрана надворешна политика. 

Велејќи дека членството на Турција во НАТО не претставува пречка за воспоставување на поблиски односи со земји како што се Русија и Кина, Калин рече: „Ние надворешната политика не ја оценуваме како безвредна игра. Нашето зближување со Русија не мора да влијае негативно на нашите односи со САД и ЕУ. На ист начин и тоа што сме земја сојузничка во НАТО не значи дека целосно ќе ги раскинеме нашите односи со Русија, Кина, африканските земји и Латинска Америка.“

Ибрахим Калин се осврна на тоа дека Турција во однос на некои прашања располага со поблиски ставови со Русија, а во однос на некои прашања со поблиски ставови со САД и ЕУ.

„Во денешни услови не е можно надворешната политика да се сведе на само единствен блок. Наместо тоа следиме политика на рамнотежа помеѓу Истокот и Западот. Ионака и случувањата кои што се доживуваaт во сферата на безбедноста и економијата ја налага неопходноста да располагаме со една поширока перспектива.“ - оцени Калин. 

Осврнувајќи се и на иднината на односите меѓу Турција и ЕУ, портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин тоа ğто не може да се долови оној посакуван интензитет во преговорите за членство во ЕУ го поврза за противењето на ЕУ кое што се појави во Европа и непријателството кон Турција и кон имигрантите.  

Калин рече: „Ако земјите на ЕУ патат од ’измореност од проширување’ треба да знаат дека и Турција чувствува измореност и е лута поради тоа што процесот за членство не напредува.“

Ибрахим Калин истакна дека ЕУ не ги исполни своите ветувања кон Турција по прашањето на бегалците.

Во однос на визната либерализација за турските граѓани пак, Калин рече дека доколку Европската комисија предложи прифатлив предлог присутниот проблем би можел да се надмине.



Слични вести