Сите терористички организации се актери на исти сценарија

Турција се наоѓа во една нова револуционерна борба

653393
Сите терористички организации се актери на исти сценарија

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека сите терористички организации се актери на исти сценарија, без оглед на нивните имиња и реторики.

Во говорот на свеченото отворање на придружно услужните објекти на Установата за социјална безбедност кои беа изградени од страна на Министерството за труд и социјални политики, претседателот Ердоган рече дека случувањата кои се доживуваат од 2013 година наваму покажуваат дека Турција се наоѓа во една нова револуционерна борба.

Овојпат нашите противници не се директно непријателите со своите имиња и војници, туку нивните маши односно терористичките организации. Без оглед на нивните имиња и реторики, сите терористички организации се актери на исти сценарија, рече претседателот Ердоган.

Сите активности на непријателите се насочени против националното братство и единство, територијалниот интегритет на Турција. Сакаат да го спречат нашиот развој и да ни удрат пранги на нозете, со цел да ги спречат и саботираат предвидените цели за во 2023 година. Но не ќе можат да не спречат и нема да успеат во своите намери. Можеби ние нема да го доживееме вистинскиот успех на денешните темели, но се надевам дека напите успеси ќе имаат можност да ги видат и доживеат нашите внуци со остварувањето на предвидените цели во 2053 и во 2071 година, подвлече претседателот Ердоган.



Слични вести