Претседателот Ердоган одржа состанок со економската управа

На средбата во претседателската палата во Бештепе во Анкара на која беше направена проценка на последните случувања во економијата учествуваа надлежни министри и високи функционери

652877
Претседателот Ердоган одржа состанок со економската управа

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во претседателската палата во Бештепе во Анкара одржа состанок со економската управа.

На средбата на која беше направена проценка на последните случувања во економијата учествуваа надлежни министри и високи функционери.

Беа разгледани случувањата на берзите на чело со растот на девизниот курс.

Беше направена проценка на мерките кои што би можеле да бидат преземени за ограничување на влијанието на раздвиженоста на берзите над економијата, за кое пак се оценува дека потекнува од надвор.

Економската управа потцрта дека процесот што се доживува е привремен и дека не станува збор за скршнување од целите за инфлационата стапка во 2017 година, а воедно нагласи дека се преземени сите видови мерки за да не дојде до негативно влијание во реалниот сектор од сиве овие случувања. 

На тој начин во наредниот период надлежните економски институции на чело со Централната банка ќе ги следат случувањата одблизу и ќе презентираат проактивен приод.



Слични вести