На 147-от ден од операцијата Еуфратски штит се неутрализирани 20 терористи на ДАЕШ

На 147-от ден од операцијата Еуфратски штит со помош на хаубици од типот Фиртина, тенкови, топови и повеќецевни ракетни системи се погодени од копно 106 цели и 10 цели од воздух на терористичката организација ДАЕШ и се неутрализирани 20 терористи

653256
На 147-от ден од операцијата Еуфратски штит се неутрализирани 20 терористи на ДАЕШ

На 147-от ден од операцијата Еуфратски штит која што продолжува под водство на Турските вооружени сили во северниот дел на Сирија се неутрализирани 20 терористи, членови на терористичката организација ДАЕШ.

Според добиени информации од Турските вооружени сили, продолжува операцијата која што започна на 24 август во северните делови на Сирија за елиминирање на заканата од терористичките организации на чело со ДАЕШ, зголемување на пограничната безбедност и давање поддршка на коалиционите сили.

На 147-от ден од операцијата со помош на хаубици од типот Фиртина, тенкови, топови и повеќецевни ракетни системи беа погодени 106 цели на терористичката организација ДАЕШ.

Освен тоа воени авиони на Турските воздушни сили реализираа операција врз 10 цели на терористичката организација ДАЕШ во областа на градот Ел Баб и притоа беа погодени снајперски позиции и фабрика за производство на хаубици.

Од почетокот на операцијата Еуфратски штит досега контролирано се уништени 2.941 експлозивна направа од рачна изработка и 43 мини.

 



Слични вести